Празнувањето започна со најмладите
Во организација на Општина Велес, на 31 декември во амфитеатарот во Младинскиот парк театарот „Крик“ од Скопје ја изведе претставата „Кученцата на Дедо Мраз“. Најмладите велешани ја навестија највеселата ноќ дружејќи се со Дедо мраз. Нивниот интерес да бидат близу и да се фотографираат со својот омилен лик само потврди дека децата на Велес го имаат најпотребното во животот: верба и фантазија.