ЧЕСТИТКИ

ImageПо повод добивањето статус на земја кандидат за членка на Европската Унија на Република Македонија, Градоначалникот и Советот на Општина Велес на сите граѓани им упатуваат искрени честитки.


Со добивањето на статус-земја кандидат за член на Европската Унија се отвораат многу големи можности за динамичен економски развој како и перспектива за граѓаните на сите полиња од општествениот живот.

Оваа поддршка од Европската Унија за Македонија истовремено е предизвик за успешно спроведување на сите започнати реформи. Датумот за преговори и иднината на Македонија сега зависи од сите нас.

На патот кон исполнување на европските стандарди неопходен е национален консензус, посветеност и многу работа. Македонија покажа дека има капацитети да ги исполни високите европски стандарди.

Патот кон Европа е вистинскиот пат кон подобра иднина.

Со почит,
Марјанчо Николов с.р.
Аце Коцевски с.р.
Претседател на Советот на Општина Велес
Градоначалник на Општина Велес