Водици - по светиот крст запливаа 83 верника

ImageВо чест на големиот христијански празник Богојавление-Водици во водите на реката Вардар во Велес, по светиот крст запливаа 83 верника.Најсреќен меѓу нив беше Ристе Гашевски. Неговото Високо Правосвештенство Митрополитот Повардарски господин Агатангел на среќниот фаќач му подари мал златен крст и библија, а градоначалникот Аце Коцевски го даруваше со длабокорезба и монографија на градот Велес.

На големиот чин на фрлањето на крстот во водите на Вардар присуствуваше повеќеилјаден народ, а просториите на Повардарската Епархија беа претесни за сите оние кои дојдоа да земат од светата вода и да запалат свеќа за здрава и успешна година.
ImageImage

ImageImage
 
(19.01.2009)