Вработувањата во ЈКП „Дервен“ се законски неопходни

ImageВо врска со обвинувањата дека зад вработувањата во ЈКП „Дервен“ стои градоначалникот, на прес конференција Коцевски напомена дека сите обвинувања се должат на предвремена политичка кампања. „Под целосна материјална, морална и кривична одговорност тврдам дека ниту еден од новите вработени во ЈКП „Дервен“ не ми е роднина или пријател. Јас не сум градоначалник за да се збогатувам или да ги решавам егзистенцијалните проблеми на моето семејство.

ЈКП „Дервен е едно од најуспешните комунални претпријатија без долгови и превработеност и единствено кое редовно ги плаќа ратите од кредитот од ЕБРР. Вработувањето на 53 работници во „Дервен“ е по 3 основи:

-Пополнување на слободни работни места заради пензионирање
-Вработување заради законските обврски што произлегуваат од Законот за јавна чистота и законот за отпад и
-Трансформација на статусот на дел од вработените од определено, на неопределено работно време“

Коцевски ги информираше граѓаните дека воведувањето на надоместокот за јавна чистота не е негова измислица или измислица на било кој друг градоначалник, туку обврска од Законот за јавна чистота што го донесе актуелното парламентарно мнозинство.
 
Тој на новинарите им презентираше споредбени информации за бројот на вработени во комуналните претпријатија во повеќе општини со приближно ист број жители како Велес. „Наспроти 256 вработени во „Дервен“ во кои се вклучени и нововработените, одредени општини имаат и до 520 вработени во комуналните претпријатија“, рече градоначалникот.
 
(23.01.2009)