Велес град на културата 2005
Отворена прва самостојна изложба на копаничарот Љубомир Бисин
Како што самиот автор изјави, копаничарството е израз на душата на копаничарот кој во делото што го создава ги внесува сите свои емоции“.
Оваа ретка можност што за љубителите на традиционалната уметност на обликување на дрвото беше организирана во рамките на манифестацијата „Велес град на културата“ предизвика голем интерес кај граѓаните на Велес. Отварањето на изложбата „Созерцание“ беше збогатено со целовечерен концерт на групата Љубојна и Златко Ориѓански, поранешниот фронтмен на познатата македоноска група „Анасатсија“.
Пријателите на Бисин од светот на музиката на присутната публика во големата сала на општината и подарија вечер за паметење.
За сите граѓани кои не беа во можност да присуствуваат на отворањето, копаниците на Бисин можат да ги разгледаат во холот на општинската зграда.
Љубителите на традиционалните уметности имаа несекојдневна можност на
едно место да видат дел од творештвото на велешкиот уметник,
копаничарот Љубомир Бисин. Изложбата е насловена „Созерцание“ или
„Исповед на душата“. Копаниците изработени под влијание на Охридската и
Дебарско-мијачката школа го носат личниот уметнички израз на Бисин и се
дел од неговото долгогодишно творештво кое досега резултираше со над
150 дела. Изложбата пред љубителите на уметноста, ја отвори
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. „Не ме зачудува што
Бисинов за својата самостојна изложба го избра древниот збор созерцание
- исповед на душата. Зошто тоа го направи како што го избира дрвото,
како што ја создава копаницата, темелно, прецизно и недофатливо“, рече
Коцевски на отворањето на изложбата.