„ЕКВИЛИБРИУМ“ – Концерт за паметење

ImageБогатата програма на културни настани планирани за 2009 година, Општина Велес ја започна со концертот на гудачкиот квартет „Еквилибриум“. Младите уметници Фросина Богданоска и Јане Бакевски – виолина, Александар Стојчевски – виола и Александар Котевски – виолончело, на малубројната публика во салата „Бели мугри“ и приредија концерт за паметење.

Квартетот „Еквилибриум“ изведе дела од Дебиси, Пјацола и Шостаковиќ. Особено задоволство на публиката и причини прекрасната интерпретација на „Македонското од капричо“на Шуплевски и музиката од филмот „Индијана Џонс“.
 
(27.01.2009)