Препорака на експертите: Мостот „Гемиџии“ е безбеден

ImageСпоред стручните екипи на ЈП „Македонија пат“, Државната агенција за патишта и експертите кои деновиве направија увид во состојбата на мостот „Гемиџии“, одронувањето на градежниот материјал од мостот се должи на нагризувањето од атмодферската вода и солта што се користи во зимскиот период. Како што го известија Градоначалникот, состојбите не влијаеле на безбедноста и стабилноста на мостовската конструкција. Според нив, мостот е безбеден за граѓаните. Во тек е подготовка на проектна задача за санирање на постојните оштетувања кои ги вознемирија велешани.
(29.01.2009)