Прес конференција на градоначалникот Аце Коцевски
Составот на училишните одбори пред Управен Суд
Градоначалникот Аце Коцевски, на прес конференцијата одржана на 29 јануари годинава го презентираше решението на Уставниот суд на Република Македонија по неговата иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на решенијата за разрешување и именување на членови на Училишните одбори во училиштата и Управните одбори во локалните установи.
„Не се точни наводите дека Уставниот суд ја отфрлил иницијативата, рече Коцевски цитирајќи го документот во кој меѓу другото стои: „Според член 28. алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија,Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува по барањето. Со оглед на тоа што оспорените решенија не се пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, туку се поединечни, односно, конкретни акти, Судот оцени дека не е надлежен да ја оценува нивната согласност со законот“. Коцевски најави дека ќе поведе постапка пред Управниот суд, согласно препораките што ги добил на средба со судии од Уставниот Суд.
На средбата со новинарите, Градоначалникот информираше за преземените мерки по уривањето на карпа, во дворот на семејна куќа, во месноста Поток. По консултациите со експерти од Градежниот факултет во Скопје, веднаш е направен увид на лице место. Професорот од Градежниот факултет кој го посетил местото, препорачал дека е многу поисплатливо државата да им обезбеди станови на семејствата во ризичната област отколку да се санираат карпите бидејќи станува збор за исклучително скапи постапки. Градоначалникот напомена дека во ризичното подрачје не е дозволена изградба на куќи и дека најверојатно семејствата поради сиромаштија се одлучиле таму да изградат куќа.

(29.01.2009)