Резил на „Пирамида“
Градоначалникот Аце Коцевски реагираше на случувањата во квизот „Пирамида“ на МТВ, во кој и покрај убедливо најголемиот број на гласови на гледачите, неговата победа не беше јавно презентирана. „Телевизиска куќа која не е кадарна да организира регуларен тек на емисијата е зрела за одземање на лиценцата за организирање на овој реномиран квиз“, рече тој. Новинарите присутни на прес конференцијата имаа можност да ја видат наградата од квизот „Пирамида“ на која пишува „Победник-сезона 2008“.
Коцевски изрази сомнеж дека непотврдувањето на победата со 65,5% од гласовите на гледачите е поврзано со извршниот директор на телевизијата кој е велешанец. „Жал ми е што вакви работи се случуваат во Македонија“, изјави градоначалникот.
(29.01.2009)