Темелков - Гордоста на Велес

ImageПо повод успехот што македонската ракометна репрезентација го постигна на Светското првенство во Република Хрватска, на 30 јануари годинава, градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со велешкиот ракометар Влатко Темелков, член на репрезентацијата. Честитајќи му во име на сите граѓани на Велес за придонесот во развојот на македонската ракометна репрезентација во најголема македонска гордост, како и наградата за Најдобар Велешки спортист и амбасадор на велешкиот спорт кој настапува во странство за 2008 година, Коцевски му посака уште многу успеси со кои ќе го радува својот град и својот народ.


Темелков изрази искрена благодарност за поддршката што во спортските дострели ја добива од Општина Велес и сите граѓани. Тој напомена дека за успешен настап на Светското првенство во Хрватска му помогнала динамиката на тренинзите во  Германија каде моментално тренира и работи.

„Да имавме уште малку сили мислам деќа ќе можевме да направиме и повеќе на натпреварот со Норвешка“ рече Темелков со оценка дека сепак, 11-то место на едно Светско првенство е исклучителен дострел за репрезентација од мала земја како што е Македонија. На средбата со градоначалникот и претставниците на средствата за јавно информирање, Градоначалникот Коцевски и велешката гордост Влатко Темелков разменија пригодни подароци. Темелков ги доби заштитниот знак и маскотата на Велес, а градоначалникот неговиот дрес од настапот на Светското првенство во Хрватска.

Image

Image

Image 

(30.01.2009)