Локации за поставување на изборни плакати
утврдување на места на кое е дозволено да се истакнуваат изборни плакати со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања учесници во претседателските и локалните избори во 2009 година
I. Локации за поставување на изборни плакати
А. ЗАКАЧУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ СТОЛБОВИ, СТОЛБОВИ ЗА УЛИЧНА РАСВЕТА И ДРВЕНИ СТОЛБОВИ СО ДИМЕНЗИИ 0,50 х 0,70 м. ЧИСТА ВИСИНА НА ПОСТАВУВАЊЕ - 2,60 м. ОД ДОЛНАТА ИВИЦА НА ПАНОТО
1. На ул.”Алексо Демниев” на потегот од Бензиската пумпа до крстосницата кај пошта на 16 столба за улично осветлување.
2. На ул.”Петре Прличко” (левиот брег на р.Вардар) на дрвениот столб кај стакларската работилница и на 10 дрвени столба на левата страна на улица “Петре Прличко” сметајќи од Стариот мост спрема Градското пазариште.
3. На 2 столба на ул.”Иво Лола Рибар” во вкрстосувањето со ул.”Петре Прличко” и на 5 дрвени столба на ул.”Петре Прличко” од десната страна после вкрстосувањето со ул. ”Иво Лола Рибар”.
4. На ул.”Димитар Влахов” од раскрсницата со Новиот мост во правец на Железниот мост на 26 столба за улично осветлување.
5. На ул.”Гоце Делчев” на 9 дрвени столба.
6. На ул.”Страшо Пинџур” на 2 столба за улично осветлување и 3 дрвени столба.
7. На ул.”Благој Ѓорев” од раскрсницата кај Пошта до раскрсницата на ул.”Благој Ѓорев” со ул.”Ленинова” на преку 50 столбови за улично осветлување, а понатаму се до “Тунел 2” на дрвени столбови на улицата движејќи се кон Тунелот.
8. На ул.”Моша Пијаде” од раскрсницата кај Општината па се до Топилницата на сите столбови за улично осветлување.
9. На улицата кон Железничка станица од раскрсницата кај Општината па се до Железничката станица на сите столбови за улично осветлување и сите дрвени столбови.
10. На ул.”Вардарска” кај “Ветекс”.
11. На ул.”Благој Ѓорев” по целата должина на бетонската ограда над подземните гаражи и на бетонскиот ѕид од скалите спрема раскрсницата кај трговскиот центар во Населба.
12. Паркинг плац кај стара аптека, на потпорниот ѕид на ул.”Коле Неделковски”.
13. На ул.„Маршал Тито“ на потпорниот ѕид од десната страна под Градскиот саат па до почетокот на дуќаните.
14. На ул. „Маршал Тито“ на делот кон Долни дуќани на ѕидот од скривниците.
15. На ул. „Димитар Влахов“ на потпорниот ѕид од плоштадот „Варналиеви“
16. На ул. „Васил Ѓоргов“ на потпорниот ѕид од скаличките кон плоштад „Којник“
Б. ПОСТАВУВАЊЕ НА МОНТАЖНО-ДЕМОНТАЖНИ ПАНОА СО СОПСТВЕНА НОСЕЧКА КОНСТРУКЦИЈА ИЛИ СО КОНСТРУКЦИЈА ЗА ЗАКАЧУВАЊЕ НА ЈАВНА ОГРАДА СО МАКСИМАЛНА ДИМЕНЗИЈА 1,0 х 2,0 м
1. На новото двонаменско засолниште пред Основниот суд повеќе подвижни паноа (за секој организатор на изборната кампања по едно место).
2. На улица “Маршал Тито”, а пред поранешна -Стоковна куќа на растојание од 1,20 м. од излогот во целата негова должина покретни паноа. Во слободниот простор помеѓу поранешна-Стоковна куќа и првата станбена зграда на Комплексот “Чешел”-покретни паноа слободно поставени (за секој организатор на изборната кампања по едно).
3. Просторот на ул. ”Маршал Тито” од левата страна на скалите кон ул.”Владимир Назор”.
4. На ул. ”Маршал Тито” од левата страна во правец на Стариот мост кај паркчето до поставеното бетонско пано посебно на покретни паноа паралелно со улицата надвор од тротоарот на тревникот од паркчето.
5. Оградата над потпорниот ѕид на ул.”Димитар Влахов” како подлога за закачување на паноа во должина од 0,70м, а висина 0,80м.
6. Потпорниот ѕид на ул.”Благој Ѓорев” јужно од раскрсницата со улица “Ленинова” во целата должина (100м) на оградата.
Дополнителните места - на билборди и сити лајтови за истакнување на изборни плакати со надоместок, организаторите на изборната кампања ќе можат да ги користат со претходен договор непосредно со Националната рекламна агенција ДООЕЛ “Акцент Медија” - Скопје на телефон: 02 31 35 449.
II.Начин на доделување на локациите за поставување на изборни плакати
Утврдените локации во точките А и Б за поставување на изборни плакати се без надоместок.
Општината ќе го изврши одбележувањето на местата за поставување на изборните плакати за секој подносител на листи поодделно.
Одбележувањето ќе се изврши рамноправно за сите учесници во изборната кампања.
Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот.
Не е дозволено истакнување на плакати од кампањата на објектите каде се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.
Не се дозволува лепење на изборни плакати на фасади, културно-историски споменици, спомен обележја, бисти, платанови стебла и останати стебла на дрвјата од централно градско подрачје.
Во населените места во Општина Велес се дозволува лепење на изборни плакати на слободни површини погодни за таква намена, односно на станбени или други приватни објекти со претходна `согласност (одобрение) од сопственикот на објектот.
Согласно Одлуката за утврдување на начинот, локациите, условите, критериумите и висина на комуналната такса за користење на објекти од комуналната инфраструктура – јавно прометни површини и затворени простори за одржување на јавни собири и други манифестации во рамките на предизборната кампања на организатори на изборната кампања на подрачјето на Општина Велес (“Службен гласник на Општина Велес”бр.2/09) не се дозволува поставување на изборни плакати на рекламните столбови поставени на подрачјето на Општината.
Уништување на изборни плакати или лепење плаката врз плаката на други организатори на изборната кампања е забрането.
Организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите.
Не придржувањето кон утврдените места и определените услови повлекува казна за сторен прекршок според казнените одредби од Изборниот законик (“Службен весник на РМ”бр.40/06).
Објавата да се истакне на јавни места и да се достави до информативните гласила.
Напомена: На столбовите за улично осветлување на кои има истакато реклами објави-табли на (Твоја аптека и Прокредит банка др.) не е дозволено истакнување на изборни плакати.
Доставено до:
-Општинска изборна комисија;
-Политички партии;
-Јавни гласила;
-“Службен гласник”.
на Општина Велес,
Аце Коцевски с.р.