Велес град на културата 2005

ImageОтворен традиционалниот Новогодишен саем на книгата

Во локалната библиотека „Гоце Делчев“ и годинава се одржува веќе традиционалниот Новогодишен саем на книгата. Овојпат девет издавачки куќи понудија литература за најпробирливата читателска публика. Почнувајќи од светските бестселери, „Кодот на да Винчи“ и „Ангели и демони“ на Ден Браун, делата на Пауло Куељо до бисерите на класиката и филозофијата како „Така зборуваше Заратустра на Ниче“. На саемот можете да пронајдете одгласи за македонското литературно творештво, специјализирани речници за повеќе странски јазици, детска литература како и стручна литература од областа на информатичката технологија. Саемот беше свечено отворен со книжевниот портрет на проф. д-р Блаже Китанов, истакнат македонски автор и декан на Педагошкиот факултет во Штип. За неговото литературно творештво, на свеченото отворање на саемот со свој критички осврт настапи Санде Стојчевски. Новогодишниот саем на книгата свечено го отвори Марјанчо Николов, претседател на Советот на Општината кој помеѓу другото истакна дека книгата секогаш умее да крепи, да облагороди и да отвори нови хоризонти на знаење.
Во рамките на саемот на книгата најавени се уште многу средби со писателите и свечени промоции.