Најдобри практики - Лондон
Општина Велес со свој претставник учествува во делегацијата што во рамките на програмата Најдобри практики претстојува во Лондон, Обединетото Кралство. Претставници на Советот на Европа, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС и шесте наградени општини имаат можност во периодот од 1 до 6 февруари годинава, да го видат системот на најуспешни практики во општините во Обединетото Кралство.
Претставниците на Агенцијата за локална самоуправа кои обезбедуваат услуги за Британија и Велс, за членовите на делегацијата, во седиштето на агенцијата во Лондон организираа презентација на Бејкон моделот на најуспешни практики што во Обединетото Кралство обезбедува многу бенефиции за најуспешните или т.н. Бејкон општини. Целта на делегацијата е да ги разгледа можностите за примена на сличен систем во Република Македонија што би придонело за поголема и поуспешна работа на општините. Покрај работата на агенцијата во Лондон, делегацијата има можност да ги види и искуствата на опшините во Манчестер. Посетата на Обединетото Кралство е резултат на наградата што Општина Велес ја доби за најуспешни практики. Во рамките на програмата од вкупно 43 практики од македонските општини, 19 иновативни практики за давање на подобри услуги за граѓаните се на Општина Велес.
(03.02.2009)