Ново име на велешката книжевна сцена
Вчера (3.02.2009 година) во Ликовниот салон беше промовирано првото литературно остварување на Марија Грубор. Книгата „Ликвид“ на оваа млада велешка авторка е спој на поезијата и прозата, филозовско-љубовна размисла што жанровски отскокнува од вообичаените литературни клишеа. Токму затоа многубројната публика беше пријатно изненадена и видно затечена од зрелоста на изразот на младата авторка.
Марија Грубор е ученичка во Гимназијата „Кочо Рацин“. Вешта во користењето на изразот и компонирањето на зборот, на голема врата влезе во кругот на своите истомисленици.
За очекување е брзо да продре во светот на литературата и со ист успех да ја освои и публиката надвор од Велес.
(03.02.2009)