Што се случува со фудбалот во Велес?
Делегација на Фудбалската федерација на Македонија, предводени од г. Харалампие Хаџи-Ристески денес беше примена од Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Главна тема во разговорите беше состојбата во фудбалот во Велес и можностите за негово подобрување. Заедничка констатација е дека на фудбалот во Велес треба да му се помогне за што побрзо да се врати на старите позиции. По разрешувањето на имотниот статус на Градскиот фудбалски стадион се очекува со зедничко учество да се изврши негова реконструкција.
На средбата присуствуваше и г. Никола Костов, генерален секретар на фудбалската федерација на Македонија и г. Кире Јачев претседател на општински фудбалски сојуз Велес.
(06.02.2009)