Концерт - љубов, вино и музика

ImageНа 13 февруари 2009 во салата „Бели мугри“ во библиотеката „Гоце Делчев“со почеток во 19.00 часот ќе се одржи празничен концерт...
 
Image
 
Младите пијанисти Илија Настовски и Јованче Банев за празнична честитка на своите сограѓани ги одбраа бесмртните дела на Бетовен, Шуман, Рахмањинов и Шопен.

Илија Настовски е професор по пијано во ООМУ„Киро Димов“. На македонската музичка сцена е присутен една деценија најмногу како пијанист, но и како солист на чембало и соло пејач.

Работи по проекти во Македонската опера и балет. Зад себе има бројни остварувања и надвор од Република Македонија.
 
Јованче Банев годинава го завршува средното музичко училиште во Тетово. И до сега овој млад пијанист достојно го претставува својот роден град на бројните музички смотри во Република Македонија. Со овој концерт прв пат и се претставува на велешката културна јавност.


1.Лудвиг ван Бетовен
Соната op.31 Nº 2 d-moll
-allegro
-adagio
-allegretto
Илија Настовски

2.Фредерик Шопен
Етида op.25 Nº 7
Јованче Банев

3.Роберт Шуман
Пеперутки op.2
Илија Настовски

4.Сергеј Рахмањинов
Прелудиум op.32  Nº 10
Јованче Банев

5.Фредерик Шопен
Скерцо op.31 Nº 2
Илија Настовски