Ден на дрвото 2009
„Почнавме со два милиони, во втората акција засадивме 6 милиони, а оваа година ќе засадиме 10 милиони дрвца“ изјави Бубо Каров, кој заедно со естрадната ѕвезда Ирена Спасовска и членови на Здружението на граѓани „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ ја промовираше акцијата во Велес. Популарниот Цацко изрази задоволство од посетата на Велес на кој како што рече пошумувањето му е најпотребно.
Во рамките на промоцијата на акцијата „Ден на дрвото“, членовите на ова здружение на граѓани остварија средби со градоначалникот Аце Коцевски и со екологистите од велешките здруженија на граѓани. На централниот настан во Младинскиот парк, заеднички посадија 20 дрвца. Градоначалникот Аце Коцевски ја поздрави оваа благородна акција и најави нови можности за пошумување на карпестите терени околу градот. „Задоволен сум од минатогодишната пролетна акција, но треба да внимаваме да не ни се повтори есенската кога поради несоодветно избраните локации за пошумување опстанаа само минимален број дрвца“, рече Коцевски кој изрази надеж дека претстојната акција ќе се одвива на соодветни локации.
Промоцијата во Младинскиот парк го привлече вниманието на најмладите велешани и медиумите. Според најавите, акцијата “Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ ќе се организира помеѓу 5-ти и 10-ти март годинава.
Промоцијата во Младинскиот парк го привлече вниманието на најмладите велешани и медиумите. Според најавите, акцијата “Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ ќе се организира помеѓу 5-ти и 10-ти март годинава.
(11.02.2009)