„Мајчиниот споменар“ на Горјан Петрески пред велешката публика

ImageНајновата книга на истакнатиот македонски писател за деца Горјан Петрески „Мајчиниот споменар“ првата промоција ја имаше денес во Ликовниот салон во Велес. Бројната публика сочинета пред се од деца на школска возраст со воодушевување ги прифати „новите“ спомени на Петрески преточени во кратки раскази кои извираат од животот и опкружувањето блиски на секое дете.

 

Промотор на книгата беше професорот на Педагошкиот факултет д-р Мито Спасевски, а уметничкиот дел од програмата го подготвија оркестарот и литературната секција на ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

Промоцијата е во организација на Општина Велес, Литературниот клуб „Кочо Рацин“ и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.

 ImageImage

(11.02.2009)