Љубов, вино и музика

ImageПијанистите Илија Настовски и Јованче Банев на соите сограѓани им ги честитаа Св. Трифун и Св. Валентин на најубав можен начин – со музика. Во организација на Општина Велес во прекрасниот амбиент на салата „Бели мугри“ бројната публика уживаше во делата на Бетовен, Шопен, Шуман и Рахмањинов.