СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
„Општина Велес и Фондацијата „Фокус“, по петти пат ја организираат манифестацијата од хуманитарен карактер „Велешка пастрамајлија“. Манифестацијата која годинава е ревијална ќе се одржи во сабота, 21-ви февруари 2009, во ресторанот „Снупи“ (Офоцерски дом), со почеток во 12 часот.
На манифестацијата ќе учествуваат сите досегашни учесници угостители и производители на вино од повеќе градови од земјава. Питите и виното и овојпат ќе бидат достапни за посетителите по симболична цена. И годинава средствата собрани на манифестацијата ќе бидат донирани за хумани цели.
Општина Велес и Фондација „Фокус“ Ве покануваат со Вашето присуство да ја збогатите манифестацијата „Велешка пастрамајлија 2009“ и да ја потврдите хуманоста на велешани“
Општина Велес и Фондација „Фокус“ Ве покануваат со Вашето присуство да ја збогатите манифестацијата „Велешка пастрамајлија 2009“ и да ја потврдите хуманоста на велешани“