Велес град на културата 2005
Промовирана научната студија „Растење и развиток на лицето“
Манифестацијата „Велес град на културата“ беше
збогатена со свечена промоција на книгата „Развиток и развиток на
лицето“, координирана студија на примариус д-р Мирослав Мешков и д-р
Жан Делер од Франција.
Во своето обраќање по повод промоцијата на овој значаен труд од областа на ортодонцијата и максилофацијалната хирургија, Градоначалникот на Велес Аце Коцевски изрази задоволство што во рамките на манифестацијата „Велес град на културата“ се промовира една поинаква култура, културата на научното создавање. „Не случајно примариус д-р Мешков е добитник на највисокото општинско признание Спомен плакета 9-ти Ноември“, рече Коцевски потенцирајќи дека со својата долгогодишна работа и соработката со универзитетите во Франција, Србија и Црна Гора, д-р Мешков е вистински амбасадор на Велес во доменот на научно-истражувачката работа.
На промоцијата за книгата говореа проф. Славе Наумовски од Универзитетот во Скопје кој изрази жалење што Универзитетот не ја искористил стручноста на д-р. Мешков во прилог на едукацијата на идните генерации специјалисти. За научната студија говореше и проф. Жика Видовиќ од Универзитетот во Ниш, Србија и Црна Гора.