Алтернативните енергии иднина за општините и регионите
Претставници на Регионалниот центар на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП - Братислава и ART Gold програмата на УНДП - Женева, на 19-ти февруари годинава, во просториите на Општина Велес остварија средба со претставници на Вардарскиот плански регион. На средбата на која присуствуваа Аце Коцевски, претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион како и претставници на општините од регионот, членовите на мисијата го презентираа заедничкото партнерство на УНДП, УНЕП и Асоцијацијата на региони насловено како Carbon Neutral and Climate Resiilent Territories во чии рамки ќе бидат реализирани проектни активности во Република Македонија.
Кети Чачибаја, раководител на овој значаен проект напомена дека целта на регионалниот пристап кон климатските промени е да се осигури пристап кон чиста енергија и креирање на нови економски активности преку развој на можности за почисто производство и потрошувачка на локално ниво, како и намалување на ранливоста на климатските промени на локално ниво. Партнерите во програмата ќе ги поддржат националните и локалните власти во повеќе области на овој план. На средбата Коцевски потенцираше дека Вардарскиот плански регион има големи потенцијали за користење на сончевата и енергијата на ветрот и дека локалниот и регионалниот пристап кон искористувањето на новите енергии ќе го забрза економскиот развој на државата во целина.
Поддршката што УНДП ќе ја овозможи со оваа нова програма ќе се однесува на зајакнување на човечките и техничките капацитети на општините и регионите за користење на алтернативни енергии, но и реализација на конкретни проекти. Врз основа на податоците од средбите со претставниците на регионите во Македонија, мисијата ќе одбере два региона во кои ќе ги реализира споменатите проектни активности. На средбата во Велес членовите на мисијата се интересираа за тековните состојби со животната средина кои имаат влијание на глобалните климатски промени.

(19.02.2009)