Специјалитет за хуманост

ImageНа 21 февруари годинава по петти пат во ресторанот „Снупи“ се одржа манифестацијата „Велешка пастрамајлија“. Традиционалната питијада и овојпат привлече голем број граѓани љубители на популарната „Велешка пита“ и доброто македонско вино. Петото издание на манифестацијата што ја организираат Општина Велес и фондацијата „Фокус“ немаше натпреварувачки карактер, но се беше во знакот на хуманоста.
 
Годинава собраните средства во висина од 35.600 денари како и дополнителни 6000 денари што ги обезбеди Општина Велес се наменети за помош на семејството Алиовски кое на првиот ден од 2009 година доби тројка: две ќерки и син. Средствата се добредојдени за семејството во кое никој не работи. Со својот хуман гест голем број граѓани на првата тројка во Велес во 2009 година им посакаа среќно детство. На манифестацијата учествуваа десет угостители и четири винарии од Велес, Неготино и Кавадарци.
 
ImageImage
 
ImageImage
 
ImageImage
 
ImageImage
 
ImageImage
 
ImageImage
 
(21.02.2009)