Избран изведувач за пешачката патека на Железен мост

ImageГрадежната фирма „Делта пром“ ќе го гради пешачкиот мост крај Железен мост. Градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција соопшти дека на тендерот се пријавиле три фирми. Понудата на „Делта пром“ во висина од 78. 049 евра е избрана како најповолна.  На тендерот фирмата „Факом“ од Скопје понудила 140.813 евра, а велешката „Изгрев“ 94.407 евра.

Коцевски соопшти дека Министерството за транспорт и врски веќе и издаде на општината локациски услови и дека се очекува добивањето на одобрението за градење. Договорот со изведувачот ќе биде потпишан по истекот на рокот за жалба од 8 дена, доколку никој од учесниците на тендерот не поднесе жалба.
 
(23.02.2009)