За првпат кредитен рејтинг на општина
Со поддршка на УСАИД, Велес ќе биде една од првите општини во Македонија со кредитен рејтинг. На прес конференцијата одржана на 23 февруари, градоначалникот Коцевски напомена дека засега кредитен рејтинг има само државата - Република Македонија. Американската агенција за меѓународен развој обезбеди и надворешна ревизија за пет општини во Македонија.
Коцевски изрази задоволство што надворешната ревизија во Општина Велес покажала финансиско работење во согласност со законите. Кредитниот рејтинг на општините е особено значаен во процесот на задолжување.
(23.02.2009)