Колекторот тема за притисоци
„Несериозно е од инспекторите од Управата за водоснопанство да тврдат дека колекторот е причина за намалувањето на нивото на водата во езерото Младост без да ги утврдат состојбите на теренот“, рече на прес конференција градоначалникот Коцевски оценувајќи дека присуството на инспекторите во Велес се должи на обидите за притисок и дискредитација.
За Коцевски е симптоматично што во овој случај инспекторите веднаш се појавија во Велес, а воопшто ги нема кога се во прашање проблемите во гимназијата каде сеуште работат наставници со нерешен статус.
Градоначалникот потенцираше дека колекторскиот систем и пречистителната станица се проект финансиран од ЕУ од кој сите граѓани имаат корист. Ниту една стручна институција досега не утврдила дека нивото на водата во езерото е намалено, ниту пак дека токму колекторот е причина за евентуалното намалување на нивото на водата, рече Коцевски кој упати апел до надлежните органи во државата да прекинат со политичките притисоци и сериозно да пристапат во решавањето на проблемите. Тој изрази надеж дека Државниот комунален испекторат посериозно ќе го испита случајот.
(23.02.2009)