Распоред за плакатирање

Градоначалникот на Општина Велес, согласно член 78 од Изборен законик („Сл.весник на РМ“ бр. 40/06), донесе Објава за утврдување на места на кое е дозволено да се истакнуваат изборни плакати за претседателските и локалните избори во 2009 година. бр. 08-582/1 од 30.01.2009година.
    
Врз основа на објавата во точка А. Закачување на изборни плакати на електрични столбови, столбови за улична расвета и дрвени столбови, распоредот на плакатирање на организаторите подносителите на листи пооделно е следниот:
Локациите се групираат во 5 (пет) пооделни делници од повеќе улици во градот и тоа:

1. првата делница ги опфаќа точките А-2 ул.„Петре Прличко“ со 15 столба,    А-3 ул.„Иво Лола Рибар“ со 2 столба и А-4 ул„ Димитар Влахов“ со 27 столба, или вкупно 44 односно, за сите 22 учесници во претседателските и локалните избори во 2009 година по 2 столба.
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул.„ Петре Прличко“ од стар мост до Автобуска станица , ул.„Иво Лола Рибар„ од почеток до ул.„Димитар Влахов“ и  ул„Димитар Влахов“ од почеток до крај.

2. втората делница ги опфаќа точките А-1 ул.„Алексо Демниев“ од почетокот до надвозникот (бензиска пумпа) со 16 столба и  А-9 ул.„Алексо Демниевски“ од надвозникот до Железничка станица со 9 столба, или вкупно 25 односно, за сите 22 учесници во претседателските и локалните избори во 2009 година по 1 столб.
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул„ Алеско Деминевски“ од почетокот пред пошта и завршува пред Железничката станица.

3. третата делница ги опфаќа точките А-8 ул.„Моша Пијаде“  со 32 столба и     А-7 ул.„Ленинова“ со 16 столба, или вкупно 48 односно, за сите 22 учесници во претседателските и локалните избори во 2009 година по 2 столба.
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул.„ Моша Пијаде“ од почетокот(пред управната зграда на Жито Вардар) до пред Тополница и потоа продолжува по цела ул.„Ленинова“ започнувајќи од зградата пред Вук па се до трговскиот.

4. четвртата делница ја опфаќа точката А-10 ул„Вардарска“  со 34 столба односно за сите 22 учесници во претседателските и локалните избори во 2009 година по 1 столб.
Трасата на оваа  делница почнува од бензиската пумпа па се до Шорка.

5. петата делница ги опфаќа точките А-7 ул„Благој Ѓорев“  со 86 столба, А-6 ул„Страшо Пинџир“ со 5 столба и А-5 ул„Гоце Делчев“ со 9 столба или вкупно 100 односно, за сите 22 учесници во претседателските и локалните избори во 2009 година по 4 столба.
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул„ Благој Ѓорев“ од Тунел 2 па се до пошта, па започнува со почетокот ул„Старшо Пинџур“(фонтана) па до крајот на ул„Гоце Делчев“(кружен тек).
    
За  точка А-11, А-12 и А-13 од Објавата, плакатирањето ќе се врши по едно место за секој ученик.

Столбовите ќе бидат одбележани во боја, со редни броеви и тоа: од 1 до 7 во плава боја за листа кандидати за претседател, од 1 до 5 во зелена боја за листа кандидати за градоначалник и од 1 до 10 во црвена боја за листа кандидати за членови на совет, колку што се ученици на претседателските и локалните избори во 2009 година во изборната едница бр. 3.

Редоследот на редните броеви е превземен од извршеното жребување за гласачкото ливче, односно учениците ќе плакатираат на истиот одбележан број кои што го имаат на гласачкото ливче, според ждребувањето во Државната изборна комисија.

Што се однесува за плакатирањето во делот Б-поставување на монтажно-демонтажни паноа, останува да се почитува наведеното во објавата.

Напомена: На столбовите за улично осветлување на кои има истакато реклами објави-табли на (Твоја аптека и Прокредит банка и др) не е дозволено истакнување на изборни плакати.

Број 08-582/2
25.02.2009 година

Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски