Децата чувари на традициите

ImageУчениците од прво до осмо одделение во Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методи“ се вистински чувари на традициите на своите баби и дедовци. Во пресрет на големиот христијански празник Прочка и годинава тие заедно со родителите ќе се „натпреваруваат“ во правењето на највкусната баклава-обележје на празникот. Настанот насловен како „Баклавијада 2009“ ќе се случи во петок, 27-ми февруари, непосредно пред празникот.

Секоја  од 28-те паралелки во училиштето подготвува тепсија баклава. На Баклавијадата учествуваат и родителите, а настанот е поддржан од Советот на родители.  Вака учениците во „Св. Кирил и Методиј“ ги чуваат традициите, но и се дружат носејќи ја атмосферата на дом во училишните клупи.
 
Image Image
 
Image Image