Обележан јубилејот 170 години од раѓањето на Рајко Жинзифов

ImageВо организација на Општина Велес синоќа (26 февруари) со свечена академија посветена на Рајко Жинзифов, беше обележена 170 годишнината од неговото раѓање. Пред полната сала „Бели мугри“ беше промовирана радио-драмата „Крвава кошуља“ на Александар Кукулев работена според истоимената поема на преродбеникот Жинзифов.
За целосно доживување на делото и сценско оживување на радио драмата се погрижи големата група на Балетскиот ансамбл „Црни мачиња“ во режија на актерката Слободанка Чичевска.

Оваа соработка на ентузијасти и професионалци обединета од Општина Велес уште еднаш покажа дека во во овој град им се верува на младите таленти и се почитува квалитетот и не случајно го носи епитетот лулка на културата во Македонија.

Инаку радио-драмата е снимена во 2006 година и промовирана на Радискиот фестивал Prix Marulic на Хвар, Република Хрватска. Во Македонија се промовираше за прв пат.

Судејќи по интересот и ефектот што го остави врз велешката публика, овој перформанс од глас, музика и движења ќе доживее уште многу сценски изведби.
 
Image Image

Image Image
(26.02.2009)