СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

ImageГрадоначалникот Аце Коцевски, на прес конференцијата одржана на 27.02. 2009 година ги презентираше информациите од остварената средба со стручно-технички експертски тим на Светската здравствена организација. Тимот работи на проценка на перформансите на државата кои се однесуваат на животната средина и здравјето.

Со проценката треба да се идентификуваат најважните проблеми како и да се процени јавно – здравственото влијание на хазардите кои потекнуваат од животната средина.  Во просек животната средина е одговорна за 24% од вкупните болести на населението. Веројатно во Велес многу повеќе.

Тие изразија загриженост и ветија дека извештајот со резултатите  ќе го презентираат на 5-тата министерска конференција за животна средина и здравје во Италија во 2010 година.
 
(27.02.2009)