ФУДБАЛОТ ВО ВЕЛЕС
Во кабинетот на градоначалникот Аце Коцевски деновиве се одржаа две многу важни средби со преставници на ОФС и фудбалски клубови од III лига од Велес и околината како и со еминентни, познати фудбалски работници од Македонија кои се заинтересирани во партнерство со наши луѓе од дијаспората да инвестираат Велес да стане фудбалски центар на Македонија, со фудбалски клуб кој во 2011 би се натпреварувал во европските лиги.
Заедничка е констатацијата дека на фудбалот во Велес треба да му се помогне за што побрзо да се врати на старите позиции.