СРЕДБА СО ДОЛГОРОЧНИТЕ НАБЉУДУВАЧИ НА ОБСЕ
На 26.02.2009 гредоначалникот Аце Коцевски оствари средба со Емилиа-Алина Никулеску, и Оскар Гараис, од Набљудувачката мисија за изборите. На средбата беше констатирано дека Општина Велес ги обезбеди сите услови за непречено одвивање на претстојните претседателски и локални избори.
На прес конференцијата одржана на 27.02.2009, градоначалникот ги повика политичките партии и носителите на независните листи на кандидати за членови на Советот:
1. Да го почитуваат Изборниот законик.
2. Да организираат фер изборни кампањи
3. Да придонесат кандидатите добро да се претстават и ги презентираат своите изборни програми за да можат граѓаните со чиста совест и здрав разум да го дадат својот глас на тие што ја заслужуваат нивната доверба .
4. Да се воздржат од лаги, навреди, клевети, омаловажување и дискредитации.
5. Да не лепат плакати на недозволени места.
6. Барањата за користење на салата „Бели Мугри“ и општинската сала да ги доставуваат навреме.
7. Ги замоли средствата за јавно информирање да бидат непристрасни и да обезбедат рамноправно претставување: на кандидатите, партиите, организаторите на политичките кампањи
8. Апелираше да се спречи т.н. избиречка корупција со купување на вољата на гласачите со делење: брашно, шеќер, зејтин и др.
На крајот изјави: „Сакам да нагласам дека овие избори се многу важни за иднината на Македонија, за деблокирање на нашето членство во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ и за визната либерализација. Тоа е многу поважно од тоа која политичка партија или кој кандидат ќе ги добие изборите. Ве повикувам драги сограѓани, почитувани преставници, организатори на политички кампањи, почитувани преставници на медиумите, сите да дадеме свој скромен придонес за доброто на Велес и на Македонија....Бидејќи од понеделник почнува кампањата сакам на сите челенови на Советот да им се заблагодарам за соработката“