Оценка за работата на Советот

ImageВо споредба со 43 седници на поранешниот состав на советот, овој состав сработи 40 седници повеќе што доволно говори за работата на Советот, оцени Славчо Чадиев претседател на Советот на Општина Велес. На средба со новинарите тој потенцираше дека во изминативе 4 години се донесени значајни одлуки за Велес како што е изградбата на колекторскиот систем, основањето на јавни претпријатија, одлуки поврзани со работата на училиштата, фестивалите и др.

Чадиев работата на Советот ја оцени и како солидна, добра во рамките на можностите. „Бевме принудени на кохабитација“ рече Чадиев во врска со соработката со Градоначалникот Аце Коцевски. Тој побара од членовите на советот кои се кандидирани на претстојните локални избори да ја почитуваат неодамна усвоената Декларација за фер и демократски избори.
 
(06.03.2009)