Работа во интерес на граѓаните, не на политиката

Image„Советот на општината треба да работи во интерес на граѓаните, а не на политиката и партиите“, рече на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски посочувајќи го примерот на збратимената општина Свиштов во Бугарија во чиј совет има шестмина доктори на науки, стручњаци во својата област. На средбата со новинарите одржана на 6-ти март годинава Коцевски ги изнесе своите ставови во врска со прес конференцијата на претседателот на Советот Славчо Чадиев.
 
„Од 1056 точки на дневен ред на одржаните 83 седници, 653 се предлози на Градоначалникот, останатите се извештаи и информации,а на прсти можат да се избројат предлозите на членовите на советот. Арогантно и неодговорно од Чадиев  е да си ги припишува сите добри работи што му се случија на Велес во изминатиот период“, рече Коцевски. Тој напомена дека за него е несватливо што претседателот на Советот како позитивни одлуки на својата прес конференција ги наведе токму одлуките и проектите што јавно ги  напаѓаше и негираше како колекторскиот систем и фонтаната кај Кенгур, проекти реализирани со претходното мнозинство на советот. Градоначалникот со став дека доколку „актуелното мнозинство во советот не ги одбиеше проектите како преименувањето на Младинскиот парк во Тоше Проески, студија за за потфат за јавно-приватно партнерство, спомен обележјето „Рекоа за Рацин“ и многу други, Велес ќе беше многу поубав“. За Градоначалникот е позитивно што се одржаа голем број седници и што членовите на советот и општинската администрација придонесоа за многу успеси што ги постигна Велес. Според него пропуст на советот се долгите, мачни и непродуктивни седници и доцнењето повеќе од еден час.
 
(06.03.2009)