Во чест на Денот на жената

ImageТрадиционално и оваа година, по повод 8-ми Март, меѓународниот Ден на жената, Градоначалникот Аце Коцевски организираше средба со жените членови на Советот на општината, претставнички на невладините организации, пензионерките, локалните институции и установи, медиумите. Тој изрази задоволство што расте бројот на жени кои одлучуваат за развојот на локалната заедница и учествуваат во јавниот живот на Велес.


Црвените рози и овојпат беа знак на благодарност за целата енергија, посветеност и работа со која жените придонесоа за поубав и посреќен Велес.

ImageImage