ОПШТИНАТА НАГРАДУВАНА ЗА ПРОЕКТИ ВО ФУНКЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ

ImageНа прес конференцијата одржана на 13 март 2009 година Градоначалникот на Општина Велес потенцираше дека сите проекти за кои Општина Велес во изминатиов период беше наградувана ги подобруваат условите за живот на граѓаните, придонесуваат за поголема вклученост на граѓаните во одлучувањето и ја зголемуваат транспарентноста на општината.

Спротивно на обвинувањата дека со проектите се подобруваат единствено условите за работа на општинската администрација, Градоначалникот истакна дека општинската администрација е изготвувач и имплементатор, а бенефитот од проектитего имаат граѓаните на Општина Велес.