ДЕН НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА

ImageДенес градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција ги повика граѓаните на Велес масовно да се вклучат во големата пролеттна акција за пошумување што ќе се реализира на 14.03.2009г. (сабота) на локалитетот Езеро Младост, Отовица со почеток во 08:00 часот. Општина Велес дава целосна поддршка и активно се вклучува во граѓанската акција за пошумување насловена како:  „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“.

Површина од 15 хектари ќе биде засадена со 10.000 садници од црн бор и 20.000 багрем. Во големата акција покрај препознатливиот Бубо Каров, ќе учествуваат и естрадните уметници Марјана Мишева и Силви Бенд. Свое учество потврдија и претставници на АРМ кои ќе се вклучат со 70 војници и 20 старешини, 400 ученици од средните и основните училишта, НВО-и, општинска администрација, ОО на Црвен крст и од други установи и институции.

За превоз на сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дадат личен придонес во унапредувањето на животната средина обезбедени се 4 автобуси кои поаѓаат од две локации:

- 2 автобуса од задниот дел на Гимназија, над службените простории на Електростопанство ЕВН-ЕСМ (Дистрибуција) и
- 2 автобуса пред Стоковна куќа во центарот на Велес.

Автобусите почнувајќи од 08.00 часот наутро, ќе ротираат на секои два часа се до 14.00 часот на наведените локации.