„Ден на дрвото -Засади ја својата иднина“
Акцијата на Граѓанската асоцијација „Ден на дрвото -Засади ја својата иднина“ организирана во соработка со Владата и општините во РМ, беше успешно спроведена во Општина Велес. Во пошумувањето на голините кај Отовица во непосредна близина на Езерото Младост се вклучија околу 700 учесници. Акцијата масовно ја подржаа АРМ, невладините организации, вработените во општинската администрација и подрачните единици на министерствата, ученици од основните и средните училишта, граѓани и политички партии.
На површина од 15 ха беа засадени 20.000 садници багрем и 10.000 садници црн бор.
Во услови на силен ветар и слаб дожд, садниците беа засадени до 12,00 часот.
Во акцијата учествуваше градоначалникот на Општина Велес, господинот Аце Коцевски, како и естрадните уметници Љупчо-Бубо Каров, Маријана Мишева и Групата „Соната“.

(14.03.2009)