Иницијаторот на акцијата "Ден на дрвото" во посета на Општина Велес
Членови на иницијативниот одбор на акцијата "Ден на дрвото - засади ја својата иднина", предводени од маестро Борис Трајанов го посетија Велес со цел да ги засадат последните садници од големата акција за пошумување што се одржа минатата сабота во целата држава и да го одбележат завршувањето на пролетниот дел од акцијата.
Членовите на иницијативниот одбор и Градоначалникот Аце Коцевски во дворот на општинската зграда засадија шест повеќегодишни листопадни садници.
Градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство од спроведувањето на акцијата, во која велешани посадија 15 хектари со 30.000 садници во близина на рекреативниот центар "Езеро Младост".
Борис Трајанов изрази задоволство од успешноста на пролетниот дел од акцијата, се заблагодари за поддршката на граѓаните во зазеленување на Република Македонија. Тој ја најави балканската акција "Ден на дрвото" која ќе се одржи наесен.
Брезите кои ги засади маестро Борис Трајанов се во непосредна близина на врбите кои пред една година ги засади Бубо Каров и кои одлично вегетираат. Тие ќе не потсетуваат дека "луѓето се големи онолку колку што се значајни нивните добри дела".