Совет на млади
Права и должности на претседателот на Совет на млади
Претседателот на Советот:
- Го претставува и раководи со работата на Советот;
- Свикува седници на Советот и со нив претседава;
- Учествува во работата и одлучувањето на Советот;
- Ги формулира предлозите дадени на седницата, како и заклучоците/ одлуките по одделни точки од дневниот ред;
- Превзема мерки за спроведување на заклучоците/одлуките донесени од страна на Советот;
- Ги потпишува актите што ги донесува Советот и се грижи за нивното спроведување;
- Се грижи за спроведување на деловникот
- Врши други работи определени од Советот.
- Претседателот на советот самостојно си назначува секретар
- Претседателот во координација со членовите на советот договара и закажува термин за одржување на седници на советот
- Делегира претставници од Советот на млади за присуство на седници на Советот на Општина Велес на кои што се разгледуваат прашања и политики во врска со младите.