Совет на млади
Права и должности на членовите на Советот на млади
Членовите на Советот:
- Учествуваат во работата и одлучувањето по прашањата што се ставени на дневниот ред на седницата на Советот;
- Даваат иницијативи, предлози, мислења и утврдуваат насоки и ставови по прашања од надлежност на Советот;
- Го запознаваат Советот со ставот на органите што ги претставуваат;
- Обезбедуваат реализација на заклучоците;
- Одговорно, законито и совесно ги извршуваат работите од надлежност на Советот;
- Го спроведуваат Деловникот;
- Вршат други работи определени од Советот.