Совет на млади
Седници на Советот на млади на Општина Велес
Советот работи на седници.
Седниците на Советот се јавни.
Советот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Советот.
Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот
На седниците на Советот по правило се гласа јавно, освен ако Советот не донесе Одлука за тајно гласање со мнозинство гласови од присутните членови на Советот.
За секоја седница на Советот се води Записник.
Седниците на Советот се свикуваат по потреба, но најмалку еднаш на два месеци;
Седниците ги закажува и со нив раководи Претседателот на Советот.
Седница на Советот се закажува и по барање на член на Советот, упатено во писмена или електронска форма до Претседателот.
Претседателот на советот може да свика и вонредна седница на сопствена иницијатива, а должен е да свика седница и на барање на најма6лку една третина од членовите на советот, во рок од 5 дена од приемот на предлогот.
Предлог дневниот ред со потребните материјали за расправа, предлог одлуките, по правило се доставуваат еден ден пред одржувањето на седницата на Советот во електронска форма.