Совет на млади
Совет на млади на Општина Велес
Советот на млади на Општина Велес е советодавно тело на Општина Велес, кое има за цел да ги застапува интересите на младите во Општина Велес.
Советот на млади е составен од 9 члена од најразлични организации на возраст од 15 до 30 години од кои се избира претседател и заменик претседател со мандат од 4 години.
Советот на млади ги врши следните работи:
- Донесува годишна програма за својата работа што ја усвојува Советот на Општината;
- Донесува Деловник за работа на Советот;
- Расправа за прашања кои се на дневен ред на Советот на Општина Велес, а кои се во директна врска со работата на младите;
- Поднесува предлози до Советот на Општина Велес за донесување одлуки, програми и други акти од значење за младите во Општина Велес;
- Дава мислење по одлуки, програми и други акти кои се од надлежност на Советот на Општина Велес, а се од интерес за младите во Општина Велес.
- Изработува извештаи до надлежните органи за актуелните прашања и проблеми во врска со младите и предлага мерки за отстранување на истите за подобрување на положбата на младите на локално ниво;
- Организира и помага при организација на работилници, предавања, трибини, кампањи, манифестации и други работи во врска со прашања за младите со претходна консултација со Градоначалникот и општинските служби.
- Советот на млади поднесува извештаи до Советот на Општина Велес за реализираните активности од годишната програма.
- Претставници од Советот на млади присуствуваат на седници на советот на Општина Велес на кои што се рагледуваат прашања и политики во врска со младите.