Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-3974 /1
17.08.2010 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 27-та седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 24.08.2010 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 12,00 часот.
- Усвојување на записник од одржаната 24-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Предлог-решение за престанок на мандатот на член на Совет на Општина Велес ( за Панче Иванов)
2.Предлог-решение за престанок на мандатот на член на Совет на Општина Велес ( за Асен Прличков)
3.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Велес за I и II квартал 2010 година
4.Предлог-одлука за давање намена на објект-спомен куќите на Јордан Хаџи Константинов Џинот и Касапови, сопственост на Општина Велес
5.Предлог-одлука за давање на времено користење на движна ствар - противпожарно возило - сопственост на Општина Велес
6.Иницијатива за покренување постапка за престанување со работа на општинските основни училишта „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и „Благој Кирков“ од Велес и основање на Општинско основно училиште „Панко Брашнар“ - Велес
7.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2010 година
8.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2010 година
9.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2010 година
10.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2010 година
11.Процена на загрозеност на подрачјето на Општина Велес од природни непогоди и други несреќи
12.Елаборат за имплементација на мерки за енергетска ефикасност во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ - Велес
Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев