Дневен ред за 29-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес                               
Број 07-4530/1
22.09.2010 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 29-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 29.09.2010 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во  11,00 часот.

- Усвојување на записник од одржаната 27-та седница на Советот на Општина Велес

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Предлог-одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Велес за 2010 година.
2.Предлог – годишна програма  за работата на  ООУ „Св Кирил и Методиј“ Велес за учебната 2010/2011 година.
3.Предлог-годишна програма за наставно-воспитната работа на ООУ „Васил Главинов“-Велес во учебната 2010/11 година.
4.Предлог-годишна програма за работата на ООУ „Блаже Конески“-Велес во учебната 2010/11 година.
5.Предлог-годишна програма за воспитно образовната дејност на ООУ „Благој Кирков“-Велес во учебната 2010/2011 година.
6.Предлог-годишна програма на училиштето ООУ „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“-гелес во учебната 2010-2011 година.
7.Предлог-Годишна програма за работата на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“- Иванковци, Велес во учебната 2010/11 година.
8.Предлог-годишна програма за воспитно –образовната дејност на ООУ „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари, Велес во учебната 2010/2011 година.
9.Предлог-годишна програма за работа на ООМУ „Стефан Гајдов“ Велес во учебната 2010-2011 година.
10.Предлог – годишна програма  за воспитно –образовната дејност на  Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Велес за учебната 2010/2011 година.
11.Предлог – годишна програма  за работа на  ССОУ „Коле Неделковски“ Велес за учебната 2010-2011 година.
12.Предлог – годишна програма  за работа на  училиштето СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес за учебната 2010-2011 година.
13.Предлог – годишна програма  за работа на  училиштето ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес за учебната 2010/2011 година.
14.Предлог-Годишна програма за работа на ОУД „Лазар Лазаревски“ за учебната 201/2011.
15.Извештај за работата на ЈПССО„Парк -Спорт“ Велес за периодот од 01.01.2010 година до 30.06.2010 година.
16.Предлог-решение за давање на согласност на Одлука за измена и дополнување на Статутот на Локалната библиотека„Гоце Делчев“ Велес “.
17.Советнички прашања.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес                                                                                                                                                                 
Славчо Чадиев, с.р.