Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07- 4523/1
18.09.2008 година
Велес
Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06), донесувам
РЕШЕНИЕ
за свикување на 72-ра седница на Советот на Општина Велес
Седницата ќе се одржи на ден 25.09.2008 година (четврток), во просториите на Општина Велес со почеток во 12,оо часот.
- Усвојување на записник од 63-та седница на Советот на Општина Велес
- Усвојување на записник од 70-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
за 72-ра седница на Советот на Општина Велес
1.Предлог-одлука за давање на трајно користење на основни средства – компјутери на Општинските основни училишта.
2.Предлог-одлука за делегирање надлежност на физичко лице во канцелариите на Општина Велес во с. Иванковци и с. Бузалково
3.Предлог-правилник за начинот и постапката за делегирање надлежност на физичко лице во канцелариите на Општина Велес во с.Иванковци и с. Бузалково
4.Предлог-годишна програма за наставно воспитната работа на Општинско основно училиште „Васил Главинов “ Велес во учебната 2008/09 година
5.Предлог-годишна програма за работа на Општинско основно училиште „Блаже Конески “ Велес во учебната 2008/09 година
6.Предлог-годишна програма за работа на Општинско основно училиште „Св. Кирил и Методиј “ Велес во учебната 2008/09 година
7.Предлог-годишна програма за воспитно-образовната дејност на Општинско основно училиште „Благој Кирков “ Велес во учебната 2008/09 година
8.Предлог-годишна програма за воспитно-образовната работа во учебната 2008/09 за Општинско основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес
9.Предлог-годишна програма за воспитно-образовната дејност во учебната 2008/09 година на Општинско основно училиште „Рајко Жинзифов “Долно Оризари - Велес
10.Предлог-годишна програма за работа на Општинско основно училиште „Стојан Бурчевски-Буридан “Иванковци- Велес во учебната 2008/09 година
11.Предлог-годишна програма за работа на Општинско основно музичко училиште „Киро Димов“ за учебната 2008/2009 година.
12.Предлог – решение за разрешување и именување претседател и членови на Комисија за мандатни прашања, избори и именување.
13.Предлог –решение за разрешување и именување претседател и членови на Комисија за Статут и прописи.
14.Предлог – решение за разрешување и именување претседател и членови на Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените.
15.Предлог – решение за разрешување и именување претседател и членови на Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој.
16.Предлог – решение за разрешување и именување претседател и членови на Комисија за општествени дејности.
17.Предлог – решение за разрешување и именување претседател и членови на Комисија за определување на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти.
18.Предлог – решение за разрешување и именување претседател и членови на Комисија за Спорт и млади.
19.Советнички прашања.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Славчо Чадиев с.р.