За претресување на прашања од своја надлежност Советот формира комисии.
Комисиите на Советот се формираат како постојани и повремени.
Мандатот на постојаните комисии трае колку и мандатот на членовите на Советот.
Составот и времетраењето на мандатот на повремените комисии ќе се определи со Одлуката за нвиното формирање.
Постојани комисии на Советот се:
Комисиите се составени од 5 членови на Советот,освен Комисијата за мандатни парашања,избори и именување која број 3 члена.
Комисиите на Советот на општината:
расправаат за прашања од областа за која се формирани;
даваат мислења и предлози до Советот;
ги разгледуваат предлозите на Градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани.
Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на општината, Буџетот и Годишната сметка како и прашањата од планирањето и програмирањето на локалниот економски развој.
Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина ги разгледува прашањата од урбанистичкото планирање, прашањата од работата на јавните служби, прашањата од комуналното уредување на градот и населените места и прашањата од заштита на животната средина и природата.
Комисијата за општествени дејности ги разгледува прашањата од надлежност на општината , а кои се однесуваат на културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштитата на децата, образованието, здраствената заштита, јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот, цивилната заштита, противпожарната заштита, како и прашањата за доделување признанија и награди.
Комисијата за Статут и прописи:
го утврдува предлогот на Статутот на Општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измена на Статутот и ја следи неговата примена и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер;
го утврдува Предлогот на Деловникот на Советот;
подготвува Предлог- мислења по Предлог законите кои се однесуваат на Општината;
разгледува и други општи акти од надлежност на Советот на Општината;
ги утврдува пречистените текстови,и се објавуваат во Сл.гласник на Општина Велес.
Комисијата за мандатни прашања избори и именувања:
ги разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатните прашања.
разгледува и подготвува предлози за избор и именување и разрешување од надлежност на Советот на Општината;
определува плати, надоместоци и други примања на избрани и именувани лица;
ја определува висината на надоместокот на патните и дневните трошоци на членовите на Советот како и на трошоци направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот.
Претседателот и членовите на Комисијата ги избира Советот на својата прва седница.
Претседателот и членовите на комисиите ги избира Советот на општината на предлог на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.
Предлогот за избор содржи онолку кандидати колку што се избираат членови на работните тела.
Политичките партии кои партиципираат во Советот на општината ќе бидат пропроционално застапени во вкупниот број на членови на сите комисии.
Начинот на работа на комисиите поблиску се утврдува со Деловникот на Советот на општината.