Соопштенија
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт деталниот урбанистички план за дел од УЕVII, дел од УБ 39 за КП 16914, 16915, 16916 и дел од 16922 КО Велес, Општина Велес
Граници на опфатот се оските на улиците :
• Исток: Новопроектирана собирна улица по ГУП
• Југ : КП 16912 КО Велес
• Запад: Железничка пруга, Скопје-Битола
• север : КП 16850, 16853, 16854 КО Велес
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 2,08 ha.
Нацрт деталниот урбанистички план за дел од УЕVII, дел од УБ 39 за КП 16914, 16915, 16916 и дел од 16922 КО Велес, Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 19.07.2012 – 03.08.2012 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk на следниве линкови
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 25.07.2012 година (среда) со почеток во 12.00 часот.