Соопштенија
ПРИЈАВУВАЊЕ за учество на отворената новогодишна сцена
Општина Велес во пресрет на Новата 2015 Година организира отворена новогодишна сцена во Младинскиот парк во Велес во периодот од 25.12.2014 година (католички Божиќ од 11:00 часот до 05.01.2015 година - Коледе. За Новогодишната отворена сцена Општина Велес обезбедува бина и озвучување.
Доколку сакате да ги покажете своите креативни уметнички способности од областа на музиката, танцот, жонглерството, актерството и сл., Општина Велес Ви нуди тоа да го сторите во следните термини:
25.12.2014 – од 13:00-22:00 часот
26.12.2014 – од 13:00-22:00 часот
27.12.2014 – од 13:00-22:00 часот
28.12.2014 - од 13:00-22:00 часот
29.12.2014 – од 13:00-22:00 часот
30.12.2014 – од 13:00-22:00 часот
31.12.2014 – од 13:00-18:00 часот
2.01.2015 – од 13-18:00 часот
3.01.2015 – од 13-18:00 часот
4.01.2015 – од 13-18:00 часот
5.01.2015 – од 17-24:00 часот со коледарски оган
Пополнетата пријава (кликнете на линкот за да го превземете образецот за пријавување) можете да ја доставите во Општина Велес лично, по пошта на адреса „Панко Брашнар“ бр.1 или на e-mail оОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
За подетални информации јавете се на тел. 232-406/ локал 112 и 113, најдоцна до 20.12.2014 година.
Конечниот распоред на учесниците ќе биде објавен на веб страната на Општина Велес и во средствата за јавно информирање на 24.12.2014 година.
Вашето учество на новогодишната сцена не се хонорира и има за цел да Ве промовира во јавноста