Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Ден на дрвото 2014

Се известуваат граѓаните на Велес дека Акцијата „Ден на дрвото 2014“ ќе се реализира на ден 03 декември 2014 година (среда) со пошумување на локација м.в. Пуплин (Езеро Младост). Акцијата ќе се изведе на површина од 5 хектари.
Автобусите поаѓаат по следниот распоред :
- Основен Суд Велес во 09.00 и во 11.00 часот
- ЕВН ЕСМ во 09.00 и во 11.00 часот и
- пред ОССУ „Коле Неделковски“ во 9.00 часот.
Општина Велес ги повикува граѓаните активно да се вклучат во акцијата „Ден на дрвото“ и да придонесат кон создавање на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации.